Успешно заврши тестот на првата турска одбранбена ракета од домашно производство „ХИСАР“

Ракетата „ХИСАР“ е усовршена од страна на компаниите АСЕЛСАН и РОКЕТСАН

626613
Успешно заврши тестот на првата турска одбранбена ракета од домашно производство „ХИСАР“
yerli füze hisar'ın testi.jpg

Во Аксарај успешно заврши тестот на првата турска одбранбена ракета од домашно производство „ХИСАР“.

Последниот тест на ракетата „ХИСАР“ во Аксарај, која беше усовршена од страна на компаниите АСЕЛСАН и РОКЕТСАН беше проследен од страна на министерот за национална одбрана Фикри Ишик.

Ракетата „ХИСАР“ која сеуште е во фаза на тестирање, на ниска и средна височина во областа на воздушната одбрана може да се натпреварува со сличните во светот.

Министерот Ишик по успешниот истрел им честиташе на турските инженери за успешната работа.

Во рамките на посетата на Командниот контролен центар, министерот Ишик направи обиколка на полигонот за тестирање на ракетите долг 11 км и разговараше со вработените.

Во изјавата за печатот по тестирањето на ракетата, минитерот Ишик рече:

Ако имаме силен одбранбен систем, ниту една земја не ќе може да не потцени. Јас верувам дека ние ќе можеме да ги направиме овие ракети па дури и подобри.

Ишик потенцираше дека усовршувањето национални ракети од домашно производство е долг кон татковината.

Развојот и усовршувањето критични системи е единствениот излез на Турција, подвлече министерот Ишик и потенцираше:

Група земји на кои сметавме дека се пријателски, при најмал проблем, веднаш се ангажираат да стават ембарго и ограничувања. Затоа наша цел е и ние да ги имаме овие кртичини технологии, да ги развиваме и усовршуваме и да станеме една од респектните земји во светот.

Тест истрелите на ракетите беа сто посто успешни, рече министерот Ишик и нагласи дека целта на Турција е да се зголеми силата за одвраќање на Турските вооружени сили. За да ја постигнеме оваа цел треба да имаме право на збор во воздушните и ракетни одбранбени системи во светот.

Турција е принудена да ги поседува и развива критичните технологии во воздушниот и ракетен одбранбен систем, потенцираше министерот Ишик и подвлече дека ќе поседуваме и воздушни и ракетни одбранбени системи со долг дострел.



Слични вести