Во Франција владее паника поради птичјиот грип

Француското Министерство за земјоделство ги предупреди земјоделците да бидат повнимателни и да ги преземат потребните мерки и санкции

619814
Во Франција владее паника поради птичјиот грип

Во Франција, која земја важи за еден од најголемите производители на живина во ЕУ, владее паника поради птичјиот грип.

Вирусот H5N8 кој беше утврден во голем број земји во Европа, беше откриен и во северна Франција.

Епидемиите на птичји грип кои во последно време беа забележани во Германија, Холандија и Швајцарија, беше забележан и кај 20 диви патки во подрачјето Па де Кале.

Француското Министерство за земјоделство ги предупреди земјоделците да бидат повнимателни и да ги преземат потребните мерки и санкции со кои ќе можат да се спречи преминот на вирусот од дивите животни врз домашните животни.

Според податоците на Светската здравствена организација, вирусот на птичји грип во периодот од 2003 до 2007 година беше причина за смртта на 167 лица. Имено како што е познато, птичјиот грип се пренесува од дивите на домашните птици и живина.

Досега евентуалното заразување на луѓето од птичји грип не може да се утврди со голи очи, поради што како последица на епидемијата во 2014 година во Азија беа уништени милиони живина.



Слични вести