Национална ракета за националниот офанзивен хеликоптер АТАК

Националниот офанзивен хеликоптер АТАК ќе биде опремен со антитенковски проектил од долг дострел (UMTAS) и со ласерски воден противтенковски ракетен  систем од долг дострел (L-UMTAS) исто така од домашно производство

616547
Национална ракета за националниот офанзивен хеликоптер АТАК

Националниот офанзивен хеликоптер АТАК кој со својата висока маневарска способност, нова генерација систем за утврдување на цел, ефикасната и оригинална технологија на оружје им придава уште поголема сила на Турските вооружени сили (ТВС), ќе биде опремен (наоружан) со антитенковски проектил од долг дострел (UMTAS) и со ласерски воден противтенковски ракетен  систем од долг дострел (L-UMTAS).

Националниот офанзивен хеликоптер ATAK кој во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) беше внесен на 10 јуни 2014 година благодарение на антитенковскиот проектил од долг дострел (UMTAS) ќе располага со способност за уништување на цели на оддалеченост од неколку километри координирани со ласерски систем.

АТАК кој што е на активна задача во подрачјата каде што во последната една година се реализираат операции во рамките на борбата против тероризмот, со својот нов систем со кој што ќе биде опремен ќе стане кошмар за терористичката организација.

Продолжуваат работите во врска со интегрирањето на ракетите UMTAS и ласерски водените проектили UMTAS. Во тие рамки продолжуваат и тестовите со истрели.

Од хеликоптерите АТАК опремени со домашни електронски и воени системи во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) има 16 на број.

Со хеликоптерите чие производство и активности на интегрирање сеуште продолжуваат се планира оваа бројка да се зголеми.



Слични вести