Неминовна потреба од глобален пакт во борбата против климатските промени

Климатските промени се закануваат на иднината на светот, не признаваат граници и дека не им е грижа за нивото на развиеноста на земјите

612663
Неминовна потреба од глобален пакт во борбата против климатските промени

Министерот за екологија и урбанизам Мехмет Озсеки рече дека има неминовна потреба од глобален пакт во борбата против климатските промени.

Продолжува 22-та серија на состаноци на страните на климатските промени на ОН што се одржува под покровителство на Мароко.

На конференцијата во Мароко учествуваат претставници на 195 земји и одржуваат средби во врска со имплементацијата на Парискиот договор за климатски промени кој официјално стапи на сила.

Министерот Озсеки кој ја претставува Турција на конференцијата, во обраќањето до членовите на генералното заседание рече дека климатските промени се закануваат на иднината на светот, не признаваат граници и дека не им е грижа за нивото на развиеноста на земјите.

За водење поефикасна борба против климатските промени кои претставуваат последица на луѓето и чие неповолно влијание предизвикуваат поголем цех, еден од основните предуслови во борбата против ова глобално прашање е формирањето глобален пакт.

Министерот Озсеки рече дека на конференцијата доставиле официјално барање 26-та конференција во 2020 година да се одржи во Турција поради што од земјите учеснички барале поддршка за тоа.

Во рамките на конференцијата министерот Озсеки одржа низа билатерални средби.



Слични вести