АСЕЛСАН доби порачки во износ од 5,7 милијарди долари

Во рамките на потпишаните договори заклучно 30 септември 2016 година АСЕЛСАН располага со порачки во износ од 5,7 милијарди долари и овие порачки го опфаќаат периодот до 2015 година

611267
АСЕЛСАН доби порачки во износ од 5,7 милијарди долари

Економскиот износ на порачките во рацете на АСЕЛСАН кој развива решенија за високо технолошки системи за воена и цивилна намена достигна до 5,7 милијарди долари.

АСЕЛСАН, како компанија предводник во одбранбената индустрија на Турција, која развива високо технолошки решенија во воената, воздушната, поморската и вселенската сфера освен тоа што ја исполнува побарувачката на јавниот сектор во земјата води и активности во правец на зголемување на извозот во странство и пренесување на своите искуства и знаења на цивилните сектори.

Во рамките на потпишаните договори заклучно 30 септември 2016 година АСЕЛСАН располага со порачки во износ од 5,7 милијарди долари.

Овие порачки го опфаќаат периодот до 2015 година.

Компанијата привлекува внимание со користењето на високиот капацитет до кој достигна. Поголемиот дел од производството се остварува по порачка. За производите кои што се дизајнираат согласно потребите на муштериите (купувачите) се реализираат активности за истражување и развој.  

Активностите на АСЕЛСАН се реализираат во основни сфери на делување како што се „Комуникациски и информациски технологии“, „Технологии за одбранбен систем“, „Радари и електронски борбени системи“, „Микроелектронско водење и електро-оптика“ и „Транспорт, безбедност, енергија и автоматизација“.  



Слични вести