Во Опатија започна 3-от Светски саем на халал производи

Потрошувачите треба да прифатат дека добиваат доверлив, безбедносен и здрав производ.

603162
Во Опатија започна 3-от Светски саем на халал производи
hırvatistan'da 3. helal ürünler fuarı.jpg

Во хрватскиот град Опатија започна 3-от Светски саем на халал производи

Турција која на саемот учествува во својство на земја партнер, на средбата со производителите и потрошувачите на халал храната на маса ја постави иднината на секторот.

Поводот за годинашново одржување на саемот во Хрватска а кој претходно се одржа во Индија и Сингапур, е 100 годишнината од официјалното признавање на Хрватска на исламот како религија.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во говорот на свеченото отворање на саемот рече дека Хрватска има култура на заеднички соживот меѓу христијаните и муслиманите и дека нејзината земја претставува пример за цела Европа.

Заменик министерот за економија Фатих Метин кој учествуваше на саемот рече дека поимот халал треба да се толкува многу пошироко и универзално, потенцирајќи дека потрошувачите треба да прифатат дека добиваат доверлив, безбедносен и здрав производ.

Претседателот на организацијата Алдин Дугоњиќ рече дека Турција е значаен актер за секторот и дека се ангажираат за зајакнување на координацијата со Турција.

Во период кога постепено расте пазарот на халал производи, лепезата на секторот секој изминат ден се повеќе се зголемува и се проширува наспроти

новите побарувања.

Во рамките на саемот се одржуваат низа панели.

Најголемо внимание на панелите привлекуваат халал туризмот и исламското банкарство.

Хрватска вложува напори да се стекне со удел во секторот.

Турција е една од најпретенциозните земји на секторот поради младата и динамична муслиманска популација, геополитичката и геостратешка положба како и низа други карактеристики.



Слични вести