Беспилотните летала од домашно производство АНКА ќе извидуваат под секакви временски услови

Беспилотното летало од домашно производство АНКА Блок Б ќе располага со способност за извидување и над облаците ноќе, дење, неповолни временски услови како што се дожд, снег и магла

600876
Беспилотните летала од домашно производство АНКА ќе извидуваат под секакви временски услови

Успешно реализирана интеграцијата на системот на корисен товар SARPER со беспилотното летало АНКА Блок Б со способност за извидување и над облаците ноќе, дење, неповолни временски услови како што се дожд, снег и магла.

Проектот за кој станува збор е ставен во примена од страна на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија на Турција.

Според објавеното писмено соопштение од страна на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија интеграцијата со системот на беспилотното летало АНКА Блок Б беше успешно реализирана во Командата за воздухопловство на Сиврихисар под водство на делегацијата на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија.

Со овој проект за кој станува збор на сферите на способност на одбранбената индустрија со помош на национални можности беа додадени системи за беспилотни летала од класата со Средна височина и долг дострел (MALE) кои извршуваат задача на средна височина со широк оперативен дијаметар и долго време летаат во воздух.

Со оваа успешна интеграција Турција го зазеде своето место меѓу земјите кои произведуваат беспилотни летала од класата со Средна височина и долг дострел (MALE).



Слични вести