27 златни медали за турските готвачи
На олимпијадата во Ерфурт учество зедоа над 2000 готвачи од 59 земји кои што се натпреваруваа од 22 до 25 октомври.

Турските готвачи кои учествуваа на Светската олимпијада на готвачи што се одржа во германскиот град Ерфурт се вратија со освоени 27 златни, 17 сребрени и 3 бронзени медали.
Инаку на олимпијадата во Ерфурт учество зедоа над 2000 готвачи од 59 земји кои што се натпреваруваа од 22 до 25 октомври.
Специјално за потребите на олимпијадата беа поставени 18 кујни во кои готвачите приготвија над 7000 јадења.
Екипата од Сингапур го освои првото место во категоријата торти и ладни и топли јадења, а екипата на Турција 29. то место.
Олимпијадата по готвење која се одржува на секои 4 години во Ерфурт од почетоците на минатиот век, поточно од 1900 година привлекува внимание од сите четори страни на светот.
Турските готвачи годинава на олимпијадата во Ерфурт учествуваа со 19 члена екипа кои што се натпреваруваа во категориите ладни и топли јадења со користење на солени и слатки производи.