Кинеската национална вселенска администрација 11 познати Кинези ги назначи за амбасадори на Марс

Кинеската национална вселенска администрација која во 2020 година планира да испрати луѓе на Марс11 познати Кинези ги назначи за свои амбасадори на Црвената планета

587998
Кинеската национална вселенска администрација 11 познати Кинези ги назначи за амбасадори на Марс

Кинеската национална вселенска администрација во рамките на презентацијата на проектот за испраќање на вселенско летало на Марс во 2020 година 11 познати Кинези ги назначи за свои амбасадори на Марс.

Меѓу овие личности се наоѓаат кинескиот писател на научна фантастика Лиу Џиксин, селекторката на кинеската женска одбојкарска репрезентација Ланг Пинг и музичката група TFBOYS составена од познати машки личности во земјата. 

Оној кој привлекува најголемо внимание меѓу амбасадорите на Марс пак е 36-годишниот поранешен кошаркар на Хјустон Рокетс Јао Минг кој пак не само како поранешна кошаркарска ѕвезда на НБА истовремено е и светска позната личност.

Познато е дека Кина планира да испрати луѓе на Марс во 2020 година.

Патувањето за барање вода на Марс се планира да се оствари од космодромот Венчанг кој се наоѓа во провинцијата Хаинан во јужниот дел на Кина.

Доколку биде успешна Кина ќе стане втора земја која ќе испрати патник на Марс.



Слични вести