Говорот на Ердоган пред ОН со #ErdoganVoiceofTheOppressed Трендинг Топик на Твитер

Етикетата под хаштагот #ErdoganVoiceofTheOppressed, Ердоган гласот на угнетените, за кусо време со илјадници споделени пораки стана ТТ (Трендинг Топик) на Твитер

574187
Говорот на Ердоган пред ОН со #ErdoganVoiceofTheOppressed Трендинг Топик на Твитер

Говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред 71-то Генералнот собрание на ОН во Њујорк наиде на голем одек и во социјалните медиуми.

Етикетата под хаштагот #ErdoganVoiceofTheOppressed, Ердоган гласот на угнетените, за кусо време со илјадници споделени пораки стана ТТ (Трендинг Топик) на Твитер.

Претседателот Ердоган во својот говор во кој даде значајни пораки до целиот свет потсети дека во Сирија и во Ирак продолжуваат да умираат голем број луѓе и дека бегалците кои беа приморани да ги напуштат своите земји во Европа беа соочени со понижувачко однесување.

Ердоган рече: „Во голем број земји од кои се издигнуваат крикови и кои се приклештени од тероризмот и војни продолжуваат да се убиваат стотици илјади деца, жени, млади и стар. Бегалците кои бегаат од смртта и зулумот се соочуваат со понижувачко однесување во европските градови. Во голем број земји во светот луѓето водат борба со глад, заразни болести, беда и неукост. Тоа е срамна слика која го ранува достоинството и совеста на човештвото. Поболно и од тоа е тоа што повеќето од овие кризи и проблеми би можеле да се решат лесно. Спокојството, просперитетот и безбедноста на идните генерации во голема мера се поврзани со чекорите што ќе ги фрлиме и мерките што ќе ги преземеме отсега.“ 

Овие изјави на претседателот Ердоган беа следени со голема заинтересираност и преку социјалните медиуми.

За кусо време беа споделени илјадници пораки на Твитер и хаштагот #ErdoganVoiceofTheOppressed, Ердоган гласот на угнетените, направи ТТ (Трендинг Топик), настан за кој што се зброруваше најмногу на Твитер.



Слични вести