Фрлен уште еден конкретен чекор на патот на формирање на Турската вселенска агенција

Во Анкара помеѓу министерството за транспорт, поморство и комуникација на Турција и јапонската Агеницаја за воздухопловство и вселенски истражувања е потпишан протокол за соработка во сферата на сателитските и вселенските технологии

568036
Фрлен уште еден конкретен чекор на патот на формирање на Турската вселенска агенција

Турција фрли уште еден конкретен чекор во правец на формирање на своја Вселенска агенција.

Во Анкара помеѓу министерството за транспорт, поморство и комуникација на Турција и јапонската Агеницаја за воздухопловство и вселенски истражувања е потпишан протокол за соработка во сферата на сателитските и вселенските технологии. 

На протоколот свој потпис ставија министерот за транспорт, поморство и комуникација Ахмет Арслан и јапонскиот државен министер одговорен за вселенски политики Јосуке Тсурухо.

Во говорот што го одржа во оваа прилика министерот Ахмет Арслан истакна дека Турција и Јапонија 6 години како работат заедно по прашањето на вселенските истражувања и информира дека експерименталниот сателит развиен заеднички од страна на јапонската Агеницаја за воздухопловство и вселенски истражувања и Истанбулскиот технички универзитет на крајот на оваа година ќе биде лансиран во вселената од Јапонија, по што ќе се реализираат заеднички експериментални истражувања.

Согласно потпишаниот протокол материјалите кои се произведени за користење во вселенските системи во Турција заедно со Јапонија ќе бидат тестирани во меѓународната вселенска станица.

Освен тоа на крајот на годината се планира во рамките на соработката помеѓу Турција и Јапонија да биде лансиран експериментален сателит во орбитата.



Слични вести