Здравјето на населението во Џераблус во аманет на турските лекари

Министерството за здравство на Турција постави медицински шатор во дворот на едно училиште во близина на плоштадот на Шехидите во градскиот центар на Џераблус во кој му се доставува здравствена услуга на тамошното население

567798
Здравјето на населението во Џераблус во аманет на турските лекари

Здравјето на населението во Џераблус и околината во Сирија ќе биде во аманет на турските лекари.

Полека почна да се нормализира животот во Џераблус првиот град кој беше исчистен од терористичката организација ДЕАШ во рамките на операцијата Еуфратски штит која беше започната на 24 август, а со цел елиминурање на терористичките закани во северниот дел на Сирија.  

Голем број граѓански организации од Турција му доставуваат поддршка на тамошното население за надминување на проблемите и тешкотиите со кои се соочува.

Во тие рамки и министерството за здравство на Турција постави медицински шатор во дворот на едно училиште во близина на плоштадот на Шехидите во градскиот центар на Џераблус.

Во шаторот за итна медицинска помош му се дава услуга на населението од страна на голем број лекари и здравствени работници, а исто така со помош на амбулатни возила и национални медицински екипи им се доставува медицинска услуга и на изнемоштените и старите лица кои не се во состојба да дојдат до медицинскиот шатор.

Пациентите кои доаѓаат во медицинскиот шатор со поплаки поради различни здравстевни проблеми се прегледуваат од страна на турски лекари.

Освен тоа во овој медицински шатор им се доставува и првата интервенција на ранетите војници на Слободната сириска армија (ССА).

Потешко повредените војници чија здравствена состојба е тешка пак од овде со помош на амбулантни возила се испраќаат на лекување во болниците во Турција.



Слични вести