Вирусите се поопасни наутро отколку навечер

Научници открија дека вирусите се за 10 пати поефикасни, односно поопасни доколку заразувањето започне во утринските часови, во споредба со заразувањето навечер

552922
Вирусите се поопасни наутро отколку навечер

Откиено е дека вирусите се многу поопасни кога жртвите ќе се заразуваат наутро.

Во рамките на истражувањето спроведено од страна на универзитетот Кембриџ кое е објавено во списанието PNAS група глувци беа заразени со вируси на грип и херпес.

Научници открија дека вирусите се за 10 пати поефикасни, односно поопасни доколку заразувањето започне во утринските часови, во споредба со заразувањето навечер.

Со истражувањето е докажано дека за разлика од бактериите и паразитите вирусите кои за размножување се обидуваат да завладеат со механизмот во клетките во вечерните часови не можат така да се каже да ја „освојат или да завладеат со фабриката поради тоа што сите работници се отидени“.

Во истражувањето воедно се истакнува дека нарушувањето и на биоритмот  поради причини како што се долго патување и работа во смени постојано го доведува телото во ранлива или беспомошна состојба против инфекцијата.

Ова истражување се очекува да обезбеди изнаоѓање на нови методи по прашањето на запирањето на епидемиите.

Научници привлекуваат внимание дека од аспект на заштитата од болести  во случај на појава на било каква епидемија би можело да е значајно да не се излегува надвор дење.

 



Слични вести