Усовршен еден лек за три смртоносни болести

Новиот лек предизвика надеж за шагасовата болест, лајшманиозата и болеста на спиење чии причинители се паразитите

549148
Усовршен еден лек за три смртоносни болести

Англиските научници усовршија нов лек кој ќе може да се употребува во лекувањето на три болести, особено во сиромашните земји кои се изложен на негативното влијание на шагасовата болест, лајшманиозата и болеста на спиење.

Според резултатите од истражувањето кои беа објавени во списанието „Nature“, лекот кој беше откриен како резултат на тестот на 3 милиони соединенија, предизвика надеж за шагасовата болест, лајшманиозата и болеста на спиење чии причинители се паразитите.

Научниците на англискиот универзитет Јорк истакнаа дека лекот го откриле врз база на сличната структура и наодите на паразитите кои имаат смртоносно дејство.

Соединението, со зголемување на влијанието истовремено може да уништи голем број паразити, истакнуваат научниците и потенцираа дека вложуваат големи напори за што поскоро доставување на пациентите.

Лекот кој ги уништува протеините на паразитите, при уништувањето на нивната структура не нанесува штета на ќелиите. Откако ќе се добијат потребните одобренија и дозволи ќе се тестира врз луѓето.

Д-р Елмари Мајборг лекот го оцени како многу специјално откритие кое има способност истовремено да уништи повеќе од еден паразит.

Шагасовата болест, лајшманиозата и болеста на спиење кои секоја година негативно влијаат врз 20 милиони лица особено во Јужна Америка, Африка и Азија, истовремено се и причина за смртта на околу 50 илјади лица.

Досегашните лекови за овие болести предизвикуваа многу контрадикции и беа многу скапи, поради што негативно се одразуваше врз процесот на хоспитализација.



Слични вести