Ново морско чудовиште или угинат кит ?

Вистинска сензација на интернет предизвикаа фотографиите сликани од страна на еден австралиски рибар.

543206
Ново морско чудовиште или угинат кит ?

Вистинска сензација предизвикаа фотографиите на мртов кит во океанот сликани од страна на еден австралиски рибар.

Рибарот Марк Ваткинс кој пловел по океанот околу Австралија наеднаш во морето забележал едно чудно џиновско суштество како плови недалеку од неговото бротче.

Тој прво помислил дека станува збор за досега непознато океанско суштество или балон на топол воздух, но кога го приближил своето бротче до него забележал дека тоа всушност бил угинат кит кој бил превртен наопаку и плутал по површината на океанот.

Ваткинс веднаш се фатил за фото апаратот и го снимил угинатиот кит по што фотографиите веднаш ги споделил на интернет.

Фотографиите на Ваткинс за кусо време се проширија низ интернет предизвикувајќи вистинска сензација и чудење.



Слични вести