Капсулата „Сојуз“ се спои со Меѓународната вселенска станица

Американскиот и јапонскиот космонаут ќе се вклучат во активностите на екипата на Меѓународната вселенска станица

526241
Капсулата „Сојуз“ се спои со Меѓународната вселенска станица

Капсулата „Сојуз“ која ги носеше рускиот, американскиот и јапонскиот космонаут, се спои со Меѓународната вселенска станица.

Капсулата по дводневно патување денес пристигна во станицата.

Американскиот космонаут Кејт Рубинс, рускиот космонаут Анатоли Иваншин и јапонскиот космонаут Такуја Ониши ќе се вклучат во активностите на екипата на меѓународната вселенска станица составена од Американецот Џеф Вилијамс, Русите Олег Скрипочка и Алексеј Овчинин.

Космонаутите Вилијамс, Скрипочка и Овчинин од март наваму се наоѓаат на задача во Меѓународната вселенска станица.

Капсулата „Сојуз“ во четврток беше исфрлена од космодромот Бајконур во Казахстан.



Слични вести