„И екстремните високи термператури претставуваат вид елементарна непогода“

Проф д-р Орхан Шен истакна дека за да дојде до елементарна непогода не треба сигурно да се случат земјотреси или поплави и дека и екстремните високи термператури претставуваат вид елементарна непогода

518199
„И екстремните високи термператури претставуваат вид елементарна непогода“

Професорот на Катедрата за метеоролошко инженерство на Факултетот за авиони и вселенски науки при Истанбулскиот технички универзитет проф. д-р Орхан Шен  истакна дека пеколното жешко време кое владее во поголемиот дел на Турција е на ниво на елементарна непогода.

Проф д-р Шен рече: „Температурите во Егејската и Средоземноморската област достигнаа до 45 степени. Тоа е на ниво на елементарна непогода.“

Орхан Шен истакна дека за да дојде до елементарна непогода не треба сигурно да се случат земјотреси или поплави и дека и екстремните високи термператури претставуваат вид елементарна непогода.

Велејќи дека во наредните денови температурите ќе се зголемат уште малку, проф. д-р Орхан Шен истакна дека оваа година владее топол воздушен бран во целиот свет.

Шен напомена дека жешкото време соборува рекорди дури и во Русија и дека едната од тие причини е Ел Нињо, а втората глобалното затоплување.

Проф. д-р Орхан Шен ддоаде дека рекордното жешко време ќе продолжи и во текот на јули и август.



Слични вести