Утре во Женева започнува 69-от состанок на Светската здравствена асамблеја

На Светската здравствена асамблеја како највисок одлучувачки орган на Светската здравствена организација (СЗО) ќе учествуваат претставници од 194 земји членки

495696
Утре во Женева започнува 69-от состанок на Светската здравствена асамблеја

Утре во швајцарскиот град Женева ќе започне 69-от состанок на Светската здравствена асамблеја на кој ќе се разговара за голем број прашања во врска со човековото здравје.

На асамблејата како највисок одлучувачки орган на Светската здравствена организација (СЗО) ќе учествуваат претставници од 194 земји членки. 

На асамблејата Турција ќе ја претставува потсекретарот на министерството за здравство проф. д-р Ејуп Ѓумуш.

На асамблејата на која се разгледуваат реформите и буџетот на Светската здравствена организација годинава ќе се дискутира за прашања како што се здравјето на мигрантите, борбата против обезитетот кај децата, превенцијата на незаразните болести, влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето, борбата против вирусот зика, заразните болести и глобалната недоволност од лекови.



Слични вести