2016 година ќе биде најтопла година од 1880 година наваму

На 21-та Конференција на ОН за климатски промени беше постигната согласност за ограничување на просечниот глобален пораст на температурата за 1,5 до 2 степени

2016 година ќе биде најтопла година од 1880 година наваму

НАСА соопшти дека 2016 година ќе биде најтопла година од 1880 година наваму

Според активностите на Институтот за вселенски истражувања (ГИСС), Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) соопшти дека 2016 година ќе биде најтопла година од 1880 година наваму.

Директорот на ГИСС Гејвин Шмит во изјавата за печатот рече дека месецот април годинава беше најтопол месец од 1880 година наваму и дека највисока температура за истиот месец била измерена во изминатите 2014 и 2015 година.

Просечната температура на глобално ниво од октомври 2015 година наваму секој месец постепено расте, посочи Шмит и подвлече дека 2016 година ќе биде најтопла година од 1880 година наваму.

На 21-та Конференција на ОН за климатски промени што се одржа во декември во Париз, на која учествуваа претставници на 196 земји беше постигната согласност за ограничување на просечниот глобален пораст на температурата за 1,5 до 2 степени. Документот кој на 22 април во седиштето на ОН со учество на претседателите и шефови на држави беше изнесен на потпишување, досега е потпишан од страна на 175 земји.



Слични вести