„SpaceX“ првото патување до Марс ќе го оствари во 2018 година

Основачот на компанијата „SpaceX“ Елон Маск истакна дека се планира вселенското летало „Црвен змеј“ да биде спуштено на површината на Марс во 2018 година

479743
„SpaceX“ првото патување до Марс ќе го оствари во 2018 година

Компанијата производител на вселенски летала и ракети „SpaceX“ планира свото прво патување до планетата Марс да го оствари во 2018 година.

Основачот на компанијата „SpaceX“ Елон Маск истакна дека се планира вселенското летало „Црвен змеј“ да биде спуштено на површината на Марс во 2018 година.

Маск рече дека првиот пробен лет на „Црвен змеј“ во 2018 година ќе биде остварен без астронаут.

Американската агенција за вселенски истражувања НАСА откако спејс шатлите во 2011 година беа пензионирани за снабдување на Меѓународната вселенска станица (МВС) се договори со компанијата SpaceX.



Слични вести