Лансирана првата ракета од новиот космодром на Русија „Восточниј“

Од новоизградениот космодром на Русија „Восточниј“  во областа Амур во далечниот југоисточен дел на земјата успешно беше лансирана првата ракета

480068
Лансирана првата ракета од новиот космодром на Русија „Восточниј“

Лансирана првата ракета од новоизградениот космодром „Восточниј“  во областа Амур во далечниот југоисточен дел на Русија.

Ракетата носи во вселената 3 сателити.

Сателитите ќе се користат за снимање на експлозиите до кои доаѓа повремено во атмосферата на земјината топка, за набљудување на карактериситиките на радијацијата во атмосферата и за снимање на површината на планетата земја.

Космодромот „Восточниј“ ќе стане прва независна цивилна вселенска база на Русија.

Од оваа вселенска база годишно ќе се лансираат до 10 ракети, додека првите космонаути се планира да бидат испратени во вселената во 2023 година.

Лансирањето на првата ракета од космодромот „Восточниј“ беше испланирано за 28 април во среда (вчера), меѓутоа на само неколку минути пред лансирањето се појави технички проблем поради што лансирањето беше одложено за 24 часа.



Слични вести