Фиат Крајслер (ФЦА) почна да повлекува 1,1 милион автомобили и џипови од светскиот пазар

Електронскиот менувач на брзини кај возилата предизвикува забуна од технички аспект при паркирањето

476717
Фиат Крајслер (ФЦА) почна да повлекува 1,1 милион автомобили и џипови од светскиот пазар

Италијанско-американската автомобилска компанија Фиат Крајслер (ФЦА) почна да повлекува 1,1 милион автомобили и џипови од светскиот пазар поради проблемот во електронскиот менувач на брзини.

Според соопштението објавено од страна на компанијата ФЦА, повикани се возилата од типот Dodge Charger и Chrysler 300 sedan кои беа произведени во периодот од 2012 до 2014 како и џиповите Jeep Grand Cherokee од произведени во 2014 и 2015.

Од повиканите возила, 811 586 возила се во САД, а 317 616 во другите земји во светот.

Во истражувањата што беа извршени од страна на ФЦА и американското раководство, електронскиот менувач на брзини кај возилата предизвикува забуна од технички аспект при паркирањето и покажува дека возилото е паркирано и покрај тоа што не е паркирано.

Како последица на проблемот што беше доживеан, во несреќите беа повредени 41 лице.



Слични вести