Нов проект на турската одбранбена индустрија

Турската одбранбена индустрија започна со реализација на новиот проект „ Оперативно беспилотно летало“

473960
Нов проект на турската одбранбена индустрија
Сите системи кои ќе бидат користени во реализацијата на проектот ќе бидат целосно од домашно производство. Како краен рок за пријавување на заинтересираните компании е определен 2 мај годинава.

Се предвидува оперативното беспилотно летало да биде посовршено од сегашното наречено Анка, да располага со поголем и појак мотор, со поголема носивост и со капацитет за летање на поголеми далечини.

Овие нови беспилотни летала исто така ќе бидат опремени со по две антитенковски ракети Хелфајр и ласерски наведувани бомби така да ќе можат веднаш да реагираат на локацијата каде ќе бидат забележани терористи.​


Слични вести