Турските хеликоптери АТАК ќе бидат опремени со националната ракета ЏИРИТ

Дострелот на ракетите ЏИРИТ изнесува 8 километри, но на тетсовите со сто процентна прецизност беа погодени и цели на оддалеченост од 10 километри

465003
Турските хеликоптери АТАК ќе бидат опремени со националната ракета ЏИРИТ

Хеликоптерите АТАК-гордоста на Турските вооружени сили (ТВС) ќе бидат опремени со национални ракети ЏИРИТ.

Прецизноста и разорувачкото дејство на ласерски водените ракети ЏИРИТ, произведени со национални можности добија одлична оценка и од набљудувачите.

Ласерски водените проектили ЏИРИТ беа наречени по традиционалната турска игра „Џирит“.

Успешно завршија пробните стрелби на проектилите ЏИРИТ кои се произведуваат од страна на турската компанија РОКЕТСАН.

Дострелот на ракетите ЏИРИТ изнесува 8 километри, но на тетсовите со сто процентна прецизност беа погодени и цели на оддалеченост од 10 километри.

ЏИРИТ како прва ласерски водена ракета во својата класа во светот во сериско производство, располага и со способност на високо маневрирање.

На ракетата ЏИРИТ можат да се постават три одделни боеви глави.

На тој начин проектилот се стекнува со способност за пробивање на оклоп, создавање пожар и големо разорувачко дејство.

Една друга карактеристика на ракетата ЏИРИТ е и тоа што е со распрснувачко дејство.



Слични вести