Американски суд го одби барањето на ФБИ за разбивање на шифрата на запленет Ајфон

Епл го одби барањето на ФБИ за симнување на заштитната шифра на запленетиот Ајфон на едно лице обвинувано за напад во кој животот го загубија 14 лица

442112
Американски суд го одби барањето на ФБИ за разбивање на шифрата на запленет Ајфон

Федерален суд во Њујорк во САД во еден судски процес за случај со дрога го одби барањето на ФБИ за разбивање на заштитната шифра на еден запленет Ајфон.

Во пресудата на њујоршкиот федерален судија Џејмс Оренстајн се вели следното: „Американската влада во рамките на истрагата не може да го присили Епл за одредена обврска освен за тоа да се добие согласност од технолошкиот гигант.“

Оваа пресуда значи дека Одделот за правда на САД нема легално право да му нареди на Епл да ја симне заштитата на запленетиот Ајфон.

Надлежни на Федералното биро за истрага ФБИ, како американска служба за внатрешно разузнавање и безбедност, побараа помош од Епл за разбивање на заштитната шифра на еден запленет Ајфон на еден од обвинетите во врска со реализираниот напад во Сан Бернардино, Калифорнија, во декември во кој животот го загубија 14 лица.

Меѓутоа Епл го одби ова барање на ФБИ.




Слични вести