Хаштагот „Турција не е сама“ на арапски јазик споделен од над 107 мил. корисници

Хаштагот „Турција не е сама“ на арапски јазик за кусо време беше споделен од страна на над 107 милиони корисници на Твитер и оваа бројка продолжува да се зголемува

437399
Хаштагот „Турција не е сама“ на арапски јазик споделен од над 107 мил. корисници

Хаштагот „Турција не е сама“ која почна да се споделува на арапски јазик преку социјалната мрежа Твитер ја доби поддршката на над 100 милиони корисници.

По кукавичкиот терористички напад на 17 февруари во среда вечер во Анкара во кој животот го загубија 28 лица, а 61 лице беа повредени преку Твитер беше започната акција за поддршка на Турција со хаштагот „Турција не е сама“ напишан на арапски јазик и за кусо време беше овозможено приклучување на над 5 милиони корисници.

Хаштагот „Турција не е сама“ на арапски јазик за кусо време стана „трендинг топик“ и за само неколку дена оваа бројка почна да се зголемува со уште поголема брзина.

Така бројот на овој споделен хаштаг кој што во моментов изнесува над 107 милиони се очекува во наредните денови да се зголеми уште повеќе.



Слични вести