Твитер замрзна 125 илјади сметки поврзани со терористичката ДЕАШ
Во соопштението од Твитер се вели дека во последните 6 месеци биле замрзнати 125 илјади сметки поврзани со терористичката организација ДЕАШ
428239

Социјалната мрежа Твитер донесе одлука за замрзнување на 125 илјади сметки поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Во соопштението на Твитер преку својот блок за институционална политика се вели следното: „Исто како и голем број луѓе во светот и ние сме загрижени поради нападите кои што ги реализира терористичката организација ДЕАШ.“
Во истото соопштение се осудуваат и лицата кои не се придржуваат кон правилата на социјалната мрежа и употребуваат сметки со терористичка содржина.
Во соопштението се истакнува дека во последните 6 месеци биле замрзнати 125 илјади сметки поврзани со терористичката организација ДЕАШ, а со образложение дека со нивно посредство се врши терористичка пропаганда.