Продолжува одбројувањето за Турската вселенска агенција

Вселенската агенција ќе обезбеди намалување на зависноста од надвор во сферите на воздухопловството, сателитите и вселенските технологии, а исто така ќе овозможи Турција да постигне развој во вселенската трка

423129
Продолжува одбројувањето за Турската вселенска агенција

Турција фрла чекор за формирање на својата вселенска агенција.

Подготвениот нацрт се планира во првата половина од оваа година да биде доставен до Собранието.

Со озаконување на нацртот Турција ќе се стекне со своја национална вселенска агенција.

Основна цел на Вселенската агенција со која ќе бидат одбранети интересите на Турција во врска со нејзините права во вселената и орбитата е да се формира „Турска НАСА“.

Седиштето на агенцијата се планира да биде во Анкара и да биде во соработка со меѓународните организации за вселена и сателити.

Вселенската агенција ќе обезбеди намалување на зависноста од надвор во сферите на воздухопловството, сателитите и вселенските технологии, а исто така ќе овозможи Турција да постигне развој во вселенската трка.



Слични вести