Врачена Нобеловата награда за хемија за 2015 на Азиз Санџар

На церемонијата што се одржа во гавниот град на Шведска Стокхолм Нобеловата награда за хемија му е врачена на турскиот научник Азиз Санџар од страна на шведскиот крал Густав 16-ти

406141
Врачена Нобеловата награда за хемија за 2015 на Азиз Санџар

Врачена Нобеловата награда за хемија за 2015 година на турскиот научник професор доктор Азиз Санџар.

На церемонијата што се одржа во гавниот град на Шведска Стокхолм Нобеловата награда за хемија му е врачена на турскиот научник Азиз Санџар од страна на шведскиот крал Карл Густав 16-ти.

Азиз Санџар кој доби нобелова диплома и златен орден исто така се стекна со право на парична награда во износ од 850 илјади евра.

Азиз Санџар во изјавата што ја даде по ова прашање истакна дека е радосен во име на својата татковина.

Турскиот научник професор доктор Азиз Санџар наградата ја доби поради неговите истражувања со кои што мапирал на молекуларно ниво како клетките поправаат оштетена ДНК и притоа ги зачувуваат генетските податоци кои пак имаат големо значење за развојот на нови терапии против ракот.

Заедно со Азиз Санџар добитници на Нобеловата награда за хемија за 2015 беа уште двајца научници и тоа Томас Линдол од Шведска и Пол Модрич од САД.


Тагови:

Слични вести