Првиот национален сателит ТУРКСАТ 6-А во 2020 во орбитата

Новиот сателит ќе обезбеди можности за поголем број ТВ канали

418836
Првиот национален сателит ТУРКСАТ 6-А во 2020 во орбитата

Првиот турски национален комуникациски сателит ТУРКСАТ 6-А во 2020 година се планира да биде во орбитата.

Генералниот директор на ТУРКСАТ Енсар Ѓул во интервјуто за ТРТ Хабер одговараше на прашањата на водителот на емисијата.

Ѓул нагласи дека продолжуваат активностите во врска со одржувањето на тендерот за сателитите 5-А и 5-Б. Истите ќе ги завршиме во рок од три години. Моментално вкупниот број на наши сателити изнесува 4. Привршува рокот ан едниот од нив. Во рок од два месеци планираме да го исклучиме од орбитата. Така да ќе ни останат три сателити. Со новите проекти бројот на сателитите ќе се зголеми за два пати.

По 48 дневниот тест, новиот сателит 4-Б ќе одигра значајна улога во комуникациите.

Новиот сателит ќе обезбеди можности за поголем број ТВ канали.

Министерството за национално образование во 5 илјади училишта преку сателити пружа интернет услуги, од кои повеќето се наоѓаат по планинските подрачја, рече Ѓул. Со новиот сателит ќе пружиме интернет можности на овие училишта и ќе го зголемиме нивниот број.


Тагови:

Слични вести