Папочната врвца надеж за поправање на оштетувањето на срцето

Турските лекари фрлија потпис на истражување кое ќе го закопа во историјата оштетувањето на ткивото до кое што доаѓа по доживеан срцев удар

Папочната врвца надеж за поправање на оштетувањето на срцето

Истражување од турските лекари со кое ќе се отвори нова епоха...

Матичните клетки на папочната врвца станаа надеж за поправање на оштетувањето на срцето.

Со реализираното истражување под водство на професор доктор Алп Џан од Катедрата за хистологија и ембриологија на Медицинскиот факултет на Анкарскиот универзитет и под раководство на професор доктор Осман Илхан и професор доктор А. Тулга Улус од универзитетот Хаџеттепе, матичните клетки добиени од папочна врвца на бебе за прв пат ќе бидат употребени во поправање на оштетувањето на срцето предизвикано од срцев удар.

Проектот на екипата составена од 13 лица и по име „HUC-HEART“ беше започнат пред 8 месеци. Со проектот матичните клетки кои што ќе бидат обезбедени од папочна врвца на бебе по поделбата и обработката на пациентите кои претрпеле срцев удар ќе им бидат внесени со бајпас операција.

Професор доктор Алп Џан истакна дека истражувањето ќе се проба кај 39 пациенти од 30 до 80 годишна возраст и нагласи дека матичните клетки биле обезбедени од папочна врвца на женско бебе. 

Појаснувајќи дека во истражувањето биле употребени 10 папочни врвци, професор доктор Алп Џан рече: „За време на бајпас операцијата клетките ги трансплантираме околу оштетеното ткиво. Имаме еден пациент на кого му ја трансплантиравме папочната врвца на бебе. Здравствената состојба на нашиот пациент е добра и излезе од интензивна нега. Јасните резултати ќе ги видиме на крајот на истражувањето. Не очекува двогодишен процес.“


Тагови:

Слични вести