Турција чекор по чекор до домашниот автомобил

Прототипите на првиот домашен автомобил беа дизајнирани во три посебни типови

391773
Турција чекор по чекор до домашниот автомобил

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик првпат ги сподели снимките и фотографиите на 3 домашни автомобили чии пробни тестови ги изврши самиот.

Прототипите на првиот домашен автомобил беа дизајнирани во три посебни типови и тоа на бензин, на електрична струја и електрична струја со продолжен дострел на патување. Автомобилите ќе се произведуваат во три различни видови зависно од видот на горивото кое ќе го употребуваат.

Министерот Фикри Ишик додаде дека ќе се произведе уште еден четврти модел на домашен автомобил поволен на теренските услови и потенцираше дека идната година се планира да се произведат околу 30 до 40 автомобили.

За започнување на сериското производство на домашните автомобили министерот Ишик упати повик до приватниот сектор и подвлече дека првата марка на турски автомобил на пат ќе излезе пред 2020 година.


Тагови:

Слични вести