Денес се одбележува Светскиот ден на старите лица

Во извештајот на Светската здравствена организација се истакнува дека животниот век на човекот се продолжува но дека за жал квалитетот на животот е во опаѓање.

348353
Денес се одбележува Светскиот ден на старите лица

Според извештајот на Светската здравствена организација во светот живеат над 900 милиони лица над 60 години.

Според предвидувањата оваа бројка двојно ќе се зголеми до 2050 година , некаде околу 2 милијарди.

Во повеќето земји секој петти жител е над 60 годишна возраст.

Во Турција се евидентирани 8,8 милиони жители на и над 60 годишна возраст што претставува 11,2 насто од целокупното население.

Се предвидува до 2050 година бројката да достигне до 25,5 милиони.

Во истиот извештај се истакнува дека животниот век на човекот се продолжува но дека за жал квалитетот на животот е во опаѓање.

Во дел од земјите постарото население живее удобно и конфорно но за жал во другите земји ситуацијата не е така.Во овие земји постарите лица имаат големи здравствени проблеми, нивниот пристап до здравтсвените услоги е отежнат, така да во извештајот на Меѓународната здравствена организација се апелира до државите да ја обезбедат потребната законска рамка за овозможување на поудобен и поздрав живот на постарото население како и за нивно поактивно учество во општествениот живот.

 


Тагови:

Слични вести