Нова надеж за парализираните пациенти

Еден пациент во САД кој поради доживеана несреќа пет години живеел парализиран со помош на уред кој ги чита мозочните бранови успеа да изоди кусо растојание

353917
Нова надеж за парализираните пациенти

Уредот развиен во САД стана надеж за парализираните пациенти.

Еден пациент во САД кој поради доживеана несреќа пет години живеел парализиран со помош на уред кој ги чита мозочните бранови успеа да изоди кусо растојание.

Благодарение на уредот развиен од страна на доктори и истражувачи на Универзитетот Калифорнија кој ги чита мозочните бранови и овие сигнали ги испраќа до електродите на нозете, 26 годишниот пациент кој бил со пореметен ’рбет и пет години не можел да ги користи своите нозе успеа да изоди приближно 4 метри.

Доктор Ен До кој се наоѓа на чело на екипата која го вршела истражувањето рече: „Ова истражување покажува дека мозокот на пациентот кој долги години е парализиран и покрај се располага со капацитет да испраќа здрави сигнали за реализирање на активноста движење.“

Деталите на истражувањето за кое што се вели дека ќе претставува надеж за голем број паралзиирани пациенти беа објавени во списанието „NeuroEngineering and Rehabilitation.“ 

 


Тагови:

Слични вести