Расте бројот на жртви од колера во ирачкиот главен град Багдад

Во главниот град на Ирак Багдад досега се регсистрирани 159 случаи на колера, додека 5 лица го загубија животот од оваа заразна болест

352518
Расте бројот на жртви од колера во ирачкиот главен град Багдад

Епидемија од колера во ирачкиот главен град Багдад.

Во главниот град на Ирак Багдад досега се регсистрирани 159 случаи на колера, додека 5 лица го загубија животот од оваа заразна болест.

Властите во Багдад за преземање на неопходните погодни мерки против опасноста од колера и за спречување на проширувањето на оваа заразна болест формираа оперативна единица.

Во објавеното соопштение од губернијата на Багдад се вели следното: „Во Багдад се уште не е земена под контрола епидемијата. Градската управа работи на низа начини за подготвување на национален план за спречување на колерата која е ендемска болест во Ирак и за зајакнување на мониторингот на епидемијата.“

Светската здравствена организација вчера соопшти дека со цел да се спречи проширувањето на колерата во најскоро време се преземаат мерки кои што ќе бидат во правец на поддршка на ирачката влада.


Тагови:

Слични вести