Турското приморје повторно под влијание на топлотен бран

Лекарите ги предупредуваат граѓаните да не престојуваат подолго на сонце бидејќи топлиот воздушен бран ќе биде присутен уште извесен период

371669
Турското приморје повторно под влијание на топлотен бран

Високите температури ги натераа граѓаните разладување да побараат во море или во водените паркови, меѓутоа во морето деновиве е малку потешко ако се земе во обзир дека температурата на водата во морињата изнесува некаде околу 30 „бањски“ степени.

Влажноста на воздухот изнесува околу 12 насто така да бројните туристи кои се затекнаа во Анталија каде температурата достигна до 39 степени освежување побараа во водените паркови во близина на хотелите.

Лекарите ги предупредуваат граѓаните да не престојуваат подолго на сонце бидејќи топлиот воздушен бран ќе биде присутен уште извесен период.

Анталија познатото турско летувалиште на Медитеранот популарно по своите долги и песокливи плажи, топлото и чисто море и супер луксузните хотели деновиве е преполно со странски и домашни туристи кои уживаат во топлите летни денови.

 


Тагови:

Слични вести