Значаен чекор од турските научници за био вештачки панкреас

Решение за голем број болести од дијабетисот до ракот на панкреасот и за проблемите со кои што се соочува био вештачкиот панкреас чија употреба започна во последно време, пристигна од туските научници Нихан Нугај и Тургут Нугај

321702
Значаен чекор од турските научници за био вештачки панкреас

Проектот „Нова генерација мембрана на био вештачки панкреас“ развиен од стран на група научници меѓу кои се наоѓаат и професори на Универзитетот Богазичи во Истанбул, доби патент од САД.

Решение за голем број болести од дијабетисот до ракот на панкреасот и за проблемите со кои што се соочува био вештачкиот панкреас чија употреба започна во последно време, пристигна од туските научници Нихан Нугај и Тургут Нугај.

Работите во врска со проектот кој го решава проблемот со пропустливоста на вештачкиот панкреас се уште продолжуваат во САД.

Велејќи дека клиничките детали на проектот се реализираат во Клиниката Кливленд во САД, професор доктор Тургут Нугај истакна дека доколку овие експерименти на крајот на овој долг процес дадат позитивен резултат се очекува да бидат поставени на дневен ред и експерименти над луѓе.


Тагови:

Слични вести