Паника по повод „легионерската болест" во САД

Најзначајните симптоми на болеста се кашлање, повраќање, пролив, слабост, изнемоштеност и главоболка

316780
Паника по повод „легионерската болест" во САД

Во Њујорк умреа 7 лица кои боледуваа од болести чии причинители претежно беа клима уредите.

Имено кај 86 лица беше утврдена бактерија која предизвика смрт.

Експертите ги предупредија граѓаните сериозно да ја прифатат болеста.

Бактеријата која ја предизвикува болеста, во 1976 година беше утврдена на еден состанок на легионерите во САД, поради што беше наречена легионерска болест.

Бактеријата се размножува и шири во поволната средина на филтрите на климатските уреди.

Бактеријата ги напаѓа белите дробови и предизвикува пневмонија.

Најзначајните симптоми на болеста се кашлање, повраќање, пролив, слабост, изнемоштеност и главоболка.

Болеста не се шири од човек на човек, но секој десетти случај има смртоносни последици.

Експертите истакнуваат дека за заштита од болеста, редовно треба да се врши одржување на системите за климатизација.


Тагови:

Слични вести