Значаен чекор за рана дијагноза на ракот на панкреасот

Вредноста на три протеини од вкупно 1500 беше многу високо

314399
Значаен чекор за рана дијагноза на ракот на панкреасот

Значаен чекор на патот за рана дијагноза на ракот на панкреасот

Научниците усовршија едноставен тест на урината од кој може да се утврди ракот на панкреасот кој се шири многу брзо и чија дијагноза и утврдување се многу тешки.

Во написот објавен во списанието „Clinical Cancer Research“ се истакнува дека од истражувањата се стекнале со резултатите дека само кај болните пациенти од рак на панкреасот, нивото на три протеини во урината е многу високо.

Во рамките на испитувањето кое беше спроведено од страна на англиските и шпански научници, беа анализирани примероците на урина на 500 лица.

Кај болните од рак на панкреас беше утврдено дека нивото на вредноста на три протеини од вкупно 1500 беше многу високо.

Научниците тврдат дека според резултатите од истражувањето, со новиот тест со рана дијагноза и точност од 90 отсто се обезбедува утврдување на дијагнозата на ракот на панкреасот.


Тагови:

Слични вести