Испробана вакцината која буди надеж за лекување на Еболата

Заменик генералниот директор на Светската здравствена организација Мари-Пол Киени истакна дека по вакцинирањето во изминатите 10 дена не биле забележани симптоми на ебола кај ниту еден од двете илјади вакцинирани лица

311504
Испробана вакцината која буди надеж за лекување на Еболата

Вакцината испробана кај 2 илјади лица заболени од вирусот ебола во Западноафриканската држава Гвинеја покажа дека е 100-посто влијателна во лекувањето на оваа заразна болест.

Заменик генералниот директор на Светската здравствена организација Мари-Пол Киени истакна дека по вакцинирањето во изминатите 10 дена не биле забележани симптоми на болеста кај ниту еден од двете илјади вакцинирани лица.

Светската организација истакна дека има потреба од добивање на поголеми точни докази и дека затоа експериментите со вакцината ќе продолжат.

Рзултатите од експериментирањето на вакцината беа објавени во научното списание „The Lancet“.

Инаку, вакцината VSV-EBOV беше развиена од страна на канадската Агенција за народно здравје и лиценцата и беше купена од страна на фармацевтската фирма Merck.

Според податоците на Светската здравствена организација, во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја кај приближно 27 илјади 443 лица е утврден вирус на ебола, а досега од оваа заразна болест животот го загубија 11 илјади 207 лица.

Во Либерија како земја која беше погодена најмногу од епидемијата на ебола се евидентирани 10 илјади 066 случаи од кои 4 илјади 816 резултираа со смрт.


Тагови:

Слични вести