Вечерва ќе засјае Сината Месечина

За последен пат Сината Месечина се појави во 2012 година, а следната ќе може да се набљудува по три години, односно во 2018 година

309538
Вечерва ќе засјае Сината Месечина

Вечерва на небото ќе се појави Сина Месечина, која е од ретките, но мошне интересни природни појави.

И покрај тоа што во секој месец има по една полна Месечина, односно годишно 12 полни Месечини, еднаш на секои три години бројот на полни Месечини изнесува 13. Така полната месечина која во еден ист месец се забележува по втор пат се нарекува Сина Месечина.

Во месец јули првата полна Месечина беше забележана на втори, додека втората полна Месечина, односно Сина Месечина ќе се забележи вечерва.

За последен пат Сината Месечина се појави во 2012 година, а следната ќе се забележи по три години, односно во 2018 година.

Причината за појава на овој редок, но интересен феномен е таа што нашите календарски месеци не се совпаѓаат со орбитата на Месечината која трае 27,3 дена, поради што пак на секои две до три години се појавува Сина Месечина.

За да се проследи Сината Месечина всушност не траба да се прави ништо посебно, а бидејќи Месечината ионака е полна и може лесно да се забележи на небото.


Тагови:

Слични вести