Турција успешно ги реализираше тестовите на гаѓање на две ракети

Двете ракети се усовршуваат од страна на турските компании АСЕЛСАН и РОКЕТСАН

339464
Турција успешно ги реализираше тестовите на гаѓање на две ракети

Во период кога продолжува воената раздвиженост на турско-сириската граница, Турција успешно ги реализираше тестовите на гаѓање на двете ракети до домашно производство.

Воздушно-одбранбената ракета со ниска алтитудаХИСАР-А и новата генерација на противтенковска ракета УМТАС, не ги промашија целите на гаѓање.

Воздушно-одбранбената ракета со ниска алтитуда ХИСАР-А ќе се употребува за противвоздушна одбрана и заштита на воените бази, пристаништата, воените објекти и единици од нападите на борбените авиони, десантните хеликоптери, крстосуивачките проектили и беспилотни летала.

Една друга ракета која беше усовршена и тестирана е противтенковската ракета со долг дострел УМТАС.

Ракетата располага со глава со инфрацрвен прегледувач на главата и не постои оклоп кој не може да го пробие.

Новата генерација противтенковска ракета успешно ги погодите целите на тестовите на полигонот во Карапинар кај Коња.

Во производството на ракетата УМТАС се премина кон фазата на дизајн и ќе може да се интегрира на платформите на хеликоптерите, воздушните летала, копнените возила, константни платформи, лесни борбени авиони и морските платформи.

Двете ракети се усовршуваат од страна на турските компании АСЕЛСАН и РОКЕТСАН.


Тагови:

Слични вести