Успехот на Турција во борбата против пушењето

Во случај да не се преземат навремени превенции, до 2030 година се очекува да умрат над 8 милиони лица од цигари

336128
Успехот на Турција во борбата против пушењето

Турција е 7 земја во светот која во рамките на акцијата на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на пушењето, ги оствари потребните регулативи за контрола на тутунот.

Организацијата СЗО го објави извештајот под наслов „Глобална тутунска епидемија 2015“ во кој беа изнесени информации за санкциите што ги презедоа земјите членки во контролата на тутунот.

Во извештајот се истакнува дека една од најефикасните и најевтини мерки во намалувањето на стапката на потрошувачката на цигарите и пушењето е зголемувањето на даночната стапка на центата на цигарите. За жал оваа мерка ја примениле само 33 земји членки на организацијата.

Во извештајот се истакнува дека болестите предизвикани од тутунот се сериозна закана за здравјето на луѓето и дека на секои 6 секунди, годишно по 6 милиони лица умираат од цигари.

Во случај да не се преземат навремени превенции, до 2030 година се очекува да умрат над 8 милиони лица од цигари.

Користењето на тутунот и тутунски производи предизвикуваат рак, тешкотии за срцето, дијабетис, незаразни болести како што се хроничната респираторна болест. До 2012 година умреа над 16 милиони лица под 70 годишна возраст од незаразни болести, беше истакнато во извештајот.


Тагови:

Слични вести