Се промени календарот на алергија

Во јуни и август се забележуваат алергии на плевел

334645
Се промени календарот на алергија

Ниската температура на воздухот во Турција која се движи под нормалата како и задоцнувањето на дождовите, негативно се одразија врз календарот на алергијата.

Специјалистот за алергија во детска возраст проф. д-р Илкнур Бостанџи рече дека пролетните алергии кои треба да завршат до јуни, за жал годинава се очекува да продолжат до август.

Во јуни и август се забележуваат алергии на плевел, рече професорот Бостанџи потенцирајќи дека истите множат да продолжат до октомври.

Проф. Бостанџи ги предупреди семејствата чии деца имаат алергија и рече дека семејствата треба да ги променат филтрите за полен на возилата пред да влезат во новата сезона и сабајлињата да не го отвораат прозорците особено не кога има ветар. Бидејќи алергените најчесто се појавуваат насабајле. Исто така алиштата и облеката на децата кои имаат алергија не треба да се бесат надвор. Исто така облеката на децата кои се вратиле од пикник или излет не треба да се вадат во спалната соба.


Тагови:

Слични вести