Прилив од странски пациенти во Турција

Турција како една од најпривлечните дестинации во здравствениот туризам привлекува голем број странски пациенти особено во сферата на пластичната хирургија

332936
Прилив од странски пациенти во Турција

Во Турција која со здрави чекори чекори на патот да стане една од најпривлечните дестинации во сферата на здравствениот туризам, секоја година доаѓаат илјадници странски пациенти на лекување.

Меѓу хируршките интервенции за кои што доаѓаат странските пациенти на лекување најмногу во Турција се пластичните операции.

Координаторот за странски пациенти на една приватна здравствена групација доктор Улаш Утку Шекерџи истакна дека Турција освен тоа што е полесна дестинација во споредба со останатите земји кои се бават со здравствен туризам, таа е мошне поволна земја и од аспект на цените.

Велејќи дека на пациентите кои доаѓаат од странските земји им се дава професионална услуга во секоја фаза од престојот, од дочекот на аеродром до нивно носење во клиники, за време на лекувањето и во наредните процедури, како и на пат за враќање во нивната земја, Шекерџи истакна дека со тоа им се овозможува на пациентите овој процес од почеток до крај да го поминат во задоволство и спокојство.

Доктор Улаш Утку Шекерџи рече дека здравствениот туризам истовремено е мошне значајен и за промовирањето на Турција, по што констатира дека во сферата на пластичната хирургија доаѓаат пациенти особено од Блискиот исток, Европа, Америка и Африка.

„На тој начин не радува тоа што ние како лекари придонесуваме и во афирмацијата и промовирањето на Турција“ истакна доктор Шекерџи.


Тагови:

Слични вести