Беспилотната ракета Фалкон 9 експлодираше само две минути по лан

Оваа несреќа е трета по ред неуспешна мисија на карго пратките за вселенската станица

324819
Беспилотната ракета Фалкон 9 експлодираше само две минути по лан

Беспилотната ракета Фалкон 9 која беше лансирана од американската провинција Флорида, експлодираше само две минути по лансирањето.

Со беспилотната ракета се планираше да се испрати карго за снабдување на потребите на Меѓународната вселенска станица.

Несреќата нема да предизвика опасност за посадата на вселенската станица која располага со резерви до крајот на летото.

Сеуште не се познати причините за експлозијата на ракетата.

Со лансирањето на ракетата Фалкон 9, се планираше по доставувањето на карго товарот, да ги донесе пробните тестови кои завршија.

Оваа несреќа е трета по ред неуспешна мисија на карго пратките за вселенската станица.


Тагови:

Слични вести