Во Италија откриен хемиски отпад

Според претпоставките, 22 години во Калви Ризорта се закопува хемиски отпад

311736
Во Италија откриен хемиски отпад

Во близината на градот Калви Ризорта северно од Неапол беше откриена џиновска депонија каде што илегално беше фрлено хемиски отпад.

Големината на депонијата изнесува колку 30 фудбалски игралишта и во депонијата се закопани вреќи и буриња полни со милиони метри кубни отровен отпад.

Бурињата полни со хемиски отпад беа откриени по испарувањето на отпадот на површината.

Властите соопштија дека според претпоставките, 22 години во подрачјето се закопува хемиски отпад.

Закопувањето на хемискиот отпад се претпоставува дека беше извршено од страна на мафијашката група Камора која е доста активна во Неапол.

Мафијашките групи кои од тендерите на отпадниот во третиот италијански град Неапол заработуваат огромни суми материјални средства, се тврди дека исто така го закопувале отровниот индустриски отпад од целата земја па дури и од странство.


Тагови:

Слични вести