Турција може да биде производствена база на ветерна енергија

Турција е земја која има висок потенцијал на ветерна енергија

303637
Турција може да биде производствена база на ветерна енергија

Во последно време во Турција се забележува голем пораст во производството на ветерниците и техничката опрема. Интересирањето на домашните и странските инвеститори во ветерната енергија е многу големо.

Претседателот на УО на Асоцијацијата на ветерна енергија на Турција (ТУРЕБ) Мустафа Сердар Атасевен во изјавата за печатот по повод 15 јуни, Светскиот денот на ветерната енергија, направи проценка на потенцијалот на ветерната енергија во Турција и рече:

Домашната индустрија постигна голем развој во ветерната енергија во Турција и Турција е земја која има висок потенцијал на ветерна енергија.

Земјите од различни географии сакаат да инвестираат во ветерната енергија на Турција. Турција може да стане производствена база во ветерната индустрија. До 2023 година постои можност најмалку 75 насто од деловите кои ја сочинуваат основата на ветерните турбини да ги произведуваме во Турција, рече Атасевен.


Тагови:

Слични вести