Рекордна парична казна за производелите на цигари во Канада

Судот во Канада пресуди казна на три компании во износ од 15 милијарди долари

301189
Рекордна парична казна за производелите на цигари во Канада

Рекордна парична казна за компаниите за производство на цигари во Канада од 15 милијарди долари

Во судските постапки што ги отворија околу 2 милиони пушачи во Квебек против произведувачите на цигари во 2012 година, судот пресуди казна на три компании во износ од 15 милијарди долари.

Според пресудата, компаниите за производство на цигари, на сите оние кои што пред 1976 година наваму почнале да пушат и заболеле од рак се должни да им платат обесштетување во износ од 100 илјади долари, додека на оние кои почнале да пушат по 1976 година и заболеле, по 90 илјади долари.

Зависно од степенот на заболувањето на жртвите на цигарите кои заболеле од рак на белите дробови, гркланот или емфиземата, ќе им се исплатат различни износи обесштетување.

Компаниите за производсто на цигари се подготвуваат да се обжалат на одлуката на судот.

Во другите провинции на Канада исто така продолжуваат милион доларските судски постапки против произведувачите на цигари.


Тагови:

Слични вести