Расте процесот на обратен одлив на учени

Од 2010 година досега во Турција се вратија 595 научници

251189
Расте процесот на обратен одлив на учени

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик рече дека продолжува да расте интензитетот на обратен одлив на учени, потенцирајќи дека на повикот на Установата за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), 595 научници се вратија во земјава и научните активности ќе ги продолжат во Турција.

Министерот Ишик изрази големо задоволство од враќањето на наведените научници и го повтори повикот до останатите турски научници кои живеат во странство и тие да се вратат во родната земја.

Во периодот кога беше упатен првиот повик во 2010 година, се вратија само 12 научници, додека најголем раст беше забележан во 2014 година. Лани од 287 апликации беа прифатени и поддржани 182.

ТУБИТАК продолжува со прифаќањето на апликациите на турските научници кои сакаат да се вратат во земјава и во тие рамки се очекува значаен раст.


Тагови:

Слични вести